| четврток, 6 декември 2018 |

Мајкл Даглас стана дедо

Актерот Мајкл Даглас стана дедо. Неговиот најстар син, Камерон и неговата партнерка Вивијан Тајбс, добија девојче.

По најавата дека ќе стане татко, Камерон изјавил дека со нетрпение го очекува раѓањето на ќерката и се надева дека ќе ѝ обезбеди убав живот. 39-годишниот Камерон е актер, но заради проблеми со наркотици, поминал седум години во затвор. Тој е единственото дете на Мајкл од бракот со Дајанара Лукер. Од бракот со Кетрин Зета Џонс ги има синот Дилан и ќерката Карис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top