Кога му починала сопругата од рак во април 2016 година, Кит не можел да се навикне на тишината и осаменоста.
– Не можете да замислите како е тоа. Многу плачев. Просто тоа е така затоа што таа веќе не е тука – раскажал 94-годишниот дедо од Минесота.
Кит е судија во пензија и еден ден одлучил во својот двор да направи базен и сега секој ден има многу посетители.
Една сосетка му рекла: „Ти како да ги посвои сите деца од соседството. Тоа се твоите внуци.“
Иако Кит има три свои деца, тие се возрасни, но уште нема свои внучиња за што многу жали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


