| четврток, 6 декември 2018 |

Ќеркичката сепак нема да им остане сираче – човекот кој пукаше во сопругата и себе си, е надвор од животна опасност!

Душко Родиќ (37) кој на Нов Белград вчера пукаше во сопругата Тамара, а потоа во себе, е во стабилна здравствена состојба. И Тамара е симната од апарати и дише самостојно.

-Душко е опериран и е надвор од животна опасност. Не знаеме дали е свесен. Единствено знаеме дека состојбата му е стабилна, дека не е животно загрозен и дека денеска ќе биде префрлен на друго одделение – рекла тетката на Душко, Снежена Рељич.

Таа не сакала да зборува за односот на Душко и Тамара, како и причината која довела до пукање.

Тамара вчера веднаш по прием во болницата е оперирана. Трите истрели ја погодиле во стомак и нога.

 

-Нејзината состојба е стабилна. Надвор од животна опсност е и сместена е на интензивна нега – рекла роднината на Тамара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top