Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност вечер ќе биде отворена изложба на документи и фотографии „Русите во Македонија (1920-1940)“.
Изложбата ја организираат Државниот архив на Република Македонија (ДАРМ), Институтот за национална историја, Музејот на македонската борба за државност и самостојност, под покровителство на ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, со поддршка на Руската амбасада во Скопје.
Изложбата дава претстава за животот на руските имигранти во Македонија (посебно значење во овој контекст имаат материјалите од семејните архиви на потомците на руските емигранти) и за дејноста на руските научници, професори, архитекти, ликовни уметници, лекари, артисти.
На отворањето на изложбата се најавени обраќања на директорот на ДАРМ, Кирил Петров и на рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.