25-годишната Д.А. од селото Косел, во текот на вчерашниот ден, пријавила во СВР Охрид дека била нападната и касната од куче.
– Инцидентот се случил околу 06:45 часот, додека таа се движела по улицата „Димитар Влахов“ во Охрид. Во дадениот момент и` се доближило црно куче и ја каснало во задниот дел од десната нога. Д.А. успеала да избега и веднаш побарала медицинска помош во болницата во Охрид, информираат од СВР Охрид.
извор:охридпрес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.