Поради една таканаречена парацрковна организација, СПЦ практично си ги затвори вратите за да ја имаме таа почит и однос кон нејзе што ги имавме за природно да не претстави пред другите православни цркви. Ние сме апостолска црква од времето на Светиот Апостол Павле и не може да стане збор било која помесна црква да ни биде мајка- црква, но онаа што прва ќе не признае, ќе ни биде и прва сестра- рече митрополитот Петар на денешното чествување на заштитникот на Битола, Свети Нектариј.
– Која црква ќе се јави да не претстави , таа секако ќе биде земена во почит како онаа што се грижи за нас како црква, но не како мајка туку како сестра, зашто таа прва што ќе не признае, на тој начин со неа стануваме и како прва сестра призната- рече митрополитот Петар.
Името не го даваме и залуден е секаков обид тоа да се менува, порача битолскиот владика.
– Залудно е секој обид на било кој да се менува името на нашата татковина, зашто ако немате име тогаш и непостоите како таков. Во таа смисла и во тој дух, мора да се бара начин и патишта како да се задоволат сите страни. Задоволството на сите страни јас го гледам и во државен и во црковен, секој како сака нека не нарекува, а нека не остават на мир да се нарекуваме онака како што се нарекуваме и како се чуствуваме- рече владиката Петар.
Инаку, денеска и утре во Битола се чествува ликот и делото на заштитникот на градот Свети Нектариј Битолски во чија чест беше одржана утринска литургија во соборниот храм “Свети Великомаченик Димитриј“ и литија на која учествуваа верниците и првите луѓе на локалната власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Мора да бидеме примени со уставното име – рече, па се порече Фрчковски (ВИДЕО)
-
Пазарењето со идентитетот на МПЦ ќе донесе раскол: Пимен е за МПЦ, а за Тимотеј името ОА е прифатливо
-
Заев: Многу сме блиску до решение, остануваат името и опсегот на употреба