Промоцијата на најновата книга на новинарката и публицистка Фиданка Танаскова, со наслов „Патувачки симфониум“, ќе се одржи денеска напладне „Матица македонска“ во Скопје.
Во оваа книга авторката низ репортерски и документаристички пристап, пишува за повеќе земји и за голем број Македонци на пет континенти во светот.
Промотори ќе бидат д-р Виолета Пирузе , професорка на Филолошкиот факултет на Скопскиот универзитет и Мирјана Трпчевска новинарка во телевизијата Канал 5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.