Во хрватските медиуми се појави вест дека македонската пејачка Калиопи е во врска со сплитскиот бизнисмен Јосип Радељак. Двојката, наводно, минувала заедно доста време, а нивните пријатели тврделе дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство. Радељак не сакал ништо да коментира за неговиот приватен живот.
– Не сакам да го коментирам тоа затоа што не разговарам со новинари. Од некои од нив навистина ми се згадија и можам да речам дека секој што ќе мине одредена граница, ќе има работа со мене. Кога се зборува за педери се крева на нозе и претседателот на државата, а кога се тормози и навредува некој во зрели години, тогаш никому ништо – рекол сплитскиот бизнисмен.

Радељак, како што пишуваат хрватските медиуми, неодамна ја прекинал врската со актерката Долорес Ламбаш поради нејзините чести забави, а Калиопи се разведе од 13 години помладиот актер Васил Зафирчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


