На 21 февруари на малата сцена во МНТ, во 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Госпоѓиците од Авињон“. Оваа праизведба е работена по драмскиот текст на Сашо Димоски, а во режија на Ненад Витанов.
Со праизведбата на овој текст, Македонскиот народен театар чествува еден голем јубилеј: сто и десет години откако Пикасовата „Госпоѓиците од Авињон“ за прв пат ја виде светлината на денот и беа поставени првите постулати на кубизмот.
Во претставата играат: Искра Ветерова, Софиа Насевска – Трифуновска, Звездана Ангеловска, Гордана Ендровска, Ана Стојановска и Васил Зафирчев.
Композитор на музиката е Калиопи Букле, сценографијата е на Филип Витанов, а костимограф е Тања Кокев.
Следната изведба е закажана за 22 февруари (четврток) во 20 часот, а билетите за премиерата и првата реприза се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МНТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.