| четврток, 6 декември 2018 |

Загуба во семејството на Калиопи

ејачката Калиопи на својот Инстаграм профил емотивно се збогува со својата тетка. Таа откри дека тетка и била онаа што секогаш ја поддржувала и ја поттикнала да биде музичар.

„Ти беше Таа што за прв пат ме однесе на Опера… ја гледавме “Тоска”… Имав само 6 години и за време на претставата ти велев:” Тето, тето! Пеачката гледа цело време во мене додека пее!” Таа ноќ после претставата , одевме пешки од Универзална сала до кај тебе дома, во Тафталиџе … Цело време по пат ти пеев… Кој знае колку смешна сум ти била…Но ,Ти во секој еден момент ми влеваше чувство дека многу сериозно и силно ме доживуваш… Таа ноќ мила моја, во тој незаборавен и прекрасен Мај, моето мало срце реши што сака биде кога ќе порасне … И до твојот последен здив, Ти пееше со мене… Овие редови Ти ги посветувам тебе моја единствена , зашто знам дека би била пресреќна кога би ги читала… Иако, Ти сето ова веќе го знаеш…
Среќен ти пат кон вечноста!
To My beautiful , irreplaceable,unique and incredible aunt Luli…“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top