| четврток, 6 декември 2018 |

Калиопи: Мојот прв и бивши сопруг е многу важен во мојот живот

Мојот прв и бивши сопруг е многу важен во мојот живот, призна Калиопи во српската емисија емисијата „Ново јутро“.

  • Јас секогаш велам Драги луѓе останете во добри односи со своите бивши, никогаш не знаете што добро може да добиете. Се шегувам, но Ромео Грил е автор кој надобро ме познава. Тој ја знае мојата душа, го препознава чукањето на моето срце, во кој момент што треба да пеам, а во исто време знае што сака публиката – вели Калиопи.

Калиопи во Србија  ја промовира новата песна „Пресуда“, напишана токму од Ромео Грил, но и се подготвува за својот солистички концерт, кој ќе се одржи на 23 ноември во „Сава Центар“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top