| четврток, 6 декември 2018 |

Почина ѕвездата на „Сопранови“

Актерот Џејмс Гандолфини, кој се прослави со улогата на таткото на мафијата Тони Сопрано, во истоимената серија, почина на 51-годишна возраст.

713013-james-gandolfini

Според првите информации, Гандолфини доживеал срцев удар во Италија, каде што овој викенд требаше да присуствува на 59-тиот филмски фестивал во Таормина, Сицилија.

Харизматичниот актер го освои светот со својата улога во серијата„Сопранови“ за што многупати беше наградуван, а три пати по ред беше номиниран и за најпрестижната телевизиска награда, „Еми“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top