| четврток, 6 декември 2018 |

Овие крвни групи се под ризик од срцев удар: Проверете дали сте меѓу нив…

Откако диетите според крвната група поради добрите резултати станаа многу популарни, експертите истражуваат како крвните групи влијаат и врз останатите аспекти на нашето здравје.

Истражувањето кое го објави Европското кардиолошко здружение опфаќа анализа на податоци на повеќе од 1,3 милиони луѓе, а резултатите покажаа дека ризик од кардиоваскуларни проблеми има повеќе за девет отсто кај крвните групи А, Б или АБ отколку кај луѓето со нулта крвна група.

Се смета дека луѓето со „поризични“ крвни групи имаат поголемо ниво на протеини за згрутчување на крвта, што може да предизвика тромбоза на артерии, што е една од главните причини за срцев и мозочен удар, но и белодробна емболија.

Експертите нагласуваат дека се потребни уште многу истражувања за ова да се утврди со стопроцентна сигурност, како и низа истражувања за причината од поголем ризик кај луѓето со крвна група А, Б или АБ.

извор:МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top