| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓето со која крвна група имаат најмали шанси за инфаркт?

Откако диетите според крвната група поради добрите резултати станаа многу популарни, стручњаците се позанимавале со влијанието на крвните групи и на останатите аспекти на здравјето.

Истражувањето кое го објавило Европското кардиолошко друштво, ја опфатило анализата на податоците на повеќе од 1,3 милиони луѓе, а резултатите покажале дека ризикот од кардиоваскуларни проблеми кај крвните групи А, Б или АБ се поголеми за 9 отсто отколку кај луѓето со нулта крвна група.

Се смета дека лицата со „поризничните“ крвни групи имаат поголемо ниво на протеини за згрутчуваање на крвта, што може да предизвика тромбоза на артериите, која е една од главните причини за срцевиот и мозочниот удар, но и за белодробната емболија.

Стручњаците нагласуваат дека е потребно да се спроведат низа истражувања за да се утврди со 100 отсто сигурност, како и низа истражувања во врска со причината на зголемениот ризик кај лицата со крвните групи А, АБ и Б.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top