| четврток, 6 декември 2018 |

Маски против отровот што го дишеме нема никаде, а пулмолозите апелираат да не излегуваме од дома без нив

-Маски против отровот што го дишеме нема никаде. Мислам дека е време да се размисли да се делат бесплатно, или барем да ги има кај да се набават, е статус напишан денеска на Фејсбук.

Мерните станици деновиве покажуваат голема концентрација на штетни честички во воздухот. Откако градските власти излегоа со препораки, совети и од пулмолозите- да се користат заштитни маски и антиоксиданси, без потреба да не се излегува надвор. Аерозагадувањето стана хроничен проблем на Скопје. Надлежните го вклучија алармот. Маглата се врати, а со неa и смогот и отровните честички. Измешан со грипот тој може да има катастрофални последици по човечкото здравје, велат лекарите. Расте бројот на пациенти на Клиниката за пулмологија.

Скопјани веќе тешко дишат. Се жалат на главоболки, печење на очите и носот. Се заштитуваат колку што можат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top