Холандската амбасада во Малезија побарала од Интерпол да ја истражи смртта на младата манекенка Ивана Смит, која е пронајдена мртва во петокот после падот од 20 спрат од една зграда во Куала Лумпур.
Нејзиното тело без облека е пронајдено на 6 спрат, после разуздана забава во куќата на богаташот, свингер Александар Амад Џонсон и неговата жена Луна.
Полицијата случајот го квалификувала како несреќен, наведувајќи дека нема елементи на злосторство. Меѓутоа семејството се сомнева во тоа и верува дека Ивана е убиена.
Нејзиниот татко Марсел Смит наводно рекол на холандските медиуми дека таа имала модрици од прсти на нејзиниот врат и дека полицијата не прави ништо со овие информации и дека само сакаат брзо да го затварат случајот.
Според наводите од полицијата, во крвта на младата манекенка пронајдени се алкохол и дрога.
Чудно е тоа што американскиот пар кај кој била на забава, полицијата ја повикале дури пет час после наводниот пад на Ивана од балконот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.