
Владата сака да мести судии со незавршена Академија, наспроти извештајот на Прибе. Се спремаат измени во законот за судови, со кои судии ќе стануваат луѓе без никаква обука, наспроти они академци кои поминале 2 годишни квалификации, велат од Академијата за судии и јавни обвинители. Овој септември новата нацрт стратегија на Владата за реформи во судството која предвидува одреден процент од судиите да бидат избрани без завршена Академија, воопшто и не била прифатена во извештајот од Прибе, сепак Владата сака да ја протурка.
– Минатата недела имаше состанок на академиите во Брисел и едно лице од Министерството за правда, пред сите изјави дека се спремаат измени во законот за судови и дека процентот на избор на академци надвор од Академијата ќе биде 60 наспроти 40. Таа изјава предизвика голема вознемиреност кај кандидатите на Академијата 37, кои се прашуваат од која причина тие кои полагаат тешки испити и квалификации и учат 2 години, ако некој може без никаква обука да се протне во судството,вели Анета Арнаудовска,Директор на Академијата,судија на Основниот суд Скопје.
Транспарентност и инклузивност. Арнаудовска вели дека се само празни зборови кои се користат а не се спроведуваат ниту од Владата, ниту пак од Советот за реформи, а новата стратегија која ја донеле имала дискредитирачки вокабулар против Академијата на судии, кој бил отстранет откако било реагирано од Европската Комисија.
За новите измени во Законот за Академијата, воопшто не биле вклучени ниту консултирани органите на Академијата а Советот за реформи тргнал со фронтален напад којшто не бил прифатен од Европската Комисија.
– Академијата работи 12 години со Европската Комисија за избор на Судии преку Академијата и од кога ќе се избере и последниот академец, одеднаш без никакви анализи и компаративно истражување се поднесуваат овие предлози,кажа Анета Арнаудовска,Директор на Академијата,судија на Основниот суд Скопје.
Од Советот за реформи во правосудството пред 10 тина денови, оставка поднесе професорот по Казнено процесно право, Гордан Калајџиев. Го напуштил Советот поради неговата нетранспарентност и не инклузивност. Тој истакна дека овој совет го доживува како декор на министерството за правда и владата, а не како вистински совет за реформи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


