Јоана Једржејчик, поранешна УФЦ шампионка во категоријата од 48 д 52 килограми, доживеала брутален метод за отстранување на килограми пред борба во УФЦ.
Таа неодамна го доживеала првиот пораз во УФЦ кариерата по 14 победи и го изгубила појасот од Роуз Намајунас, која ја нокаутирала пред повеќе од еден месец.
Фановите на Јоана објавиле видео кое УФЦ го забранило, а на кое се гледа бруталниот метод за отстранување на килограми на Јоана пред официјалното мерење.
Поранешната шампионка минала низ вистински пекол за да го отстрани вишокот килограми и борбата да биде официјална.
Таа влевгла во када полна со врела вода, што би предизвилкали прекумерно потење со кое би изгубила килограми и би дошла најмалку до 52.
Потсетуваме неодамна една млада УФЦ учесничка починала поради последици од нагло губење на килограми со слични методи, а УФЦ се почесто е мета на критики поради ова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.