Овошјето е најдобриот природен десерт – полно е со витамини, со растителни влакна, со корисни шеќери, важни нутриенти и што е најважно, изборот е голем и можете да го изберете она што вам ви се допаѓа.
Но, некои од овошјата содржат толку високи количини шеќер, што без разлика што е природен и многу поздрав од белиот, воопшто не помага ако сакате да изгубите некој килограм. Поради ова, треба да внимавате на количината овошје што ја јадете.
На пример, идеалната дневна порција овошје се состои од еден цел плод (јаболко, праска, круша…), една цела чаша полна со исечено овошје (диња, ананас, лубеница…), 15-17 зрна од зрнесто овошје (цреши, грозје, малини…) и половина од голема банана.
Сепак, доколку имате потреба да изгубите повеќе килограми, некои овошја морате да ги исклучите од исхраната или да го сведете внесот на минимум. Во оваа група спаѓаат бананите, грозјето, конзервираното овошје од кој било вид, сушеното овошје, ананасот, мангото и лубеницата. Овие овошја имаат висока концентрација на шеќер, а со тоа и калории.
Добро би било целосно да ги исклучите сушените овошја и конзервираните компоти, другото да го внесувате многу ограничено, а во исхраната да вклучите повеќе малини, јагоди, боровинки, капини, кајсии, праски јаболки и круши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Погледнете колку килограми треба да имате според вашата висина
-
Видео кое УФЦ сака да го забрани: Поранешна шампионка едвај преживеала поради суровите методи на отстранување килограми! (видео)
-
Додадете го ова во кафето и килограмите сами ќе почнат да се топат
-
Правила за губење на килограмите, кои, навистина, функционираат