Зијад Каралиќ – Гике (42), сопственикот на локалната кафеана Каскада во местото Брчко во северна Босна и Херцеговина, бил уапсен и заработил кривична пријава бидејќи од март па се до септември годинава со својот персонал злоупотребувале и ограбувале гости. Тие во пијалокот им ставале медикамент за успивање, по што ги ограбувале, а на тој начин украле околу 15 000 евра.
Сопственикот заедно со своите соучесници во пијалоците на гостите ставале од медикаментот Клозапин, антипсихотик кој се користи за лечење на специфични ментални пореметувања, по што ги ограбувале гостите.
Во сите пријавени случаи од оваа кафеана, гостите почувствувале силна зашеметеност, поспаност и заматување на свеста.
– Во дел од случаите сопственикот имал помош и од женско лица Д.Ж., која што ги заведувала се додека не се напијат од пијалокот со клозапин, навеле од полицијата.
– На тој начин, Каралиќ во август на еден од своите гости од неговиот новчаник му украл 4 600 американски долари, неколку платежни картички и мобилен телефон , стои во полицискиот извештај за овој случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент во TЦ „Беверли Хилс“: Двоел луѓе во тепачка во кафеана, го претепале 10 лица во друг локал
-
Драма во скопска кафеана: Пијан маж и удрил шлаканица на сопругата, си заминал, па повторно се вратил
-
По три ќерки, прво машко за бекот на Лацио: Баста правеше мекици со Тозовац и Аца Лукас
-
Газдата на „Сокаче“ нападнат поради „лоша музика“