Семејната драма се одвивала во ресторан во Скопје вчера вечер околу 21 часот кога морале да интервенираат и од агенцијата која го обезбедува угостителскиот објект.
Според сведочењата на вработените и очевидци од ресторанот, околу 21 часот таму пристигнало машко лице кое било под дејство на алкохол. Непознатиот се приближил на една од масите каде во друштво седело женско лице, за кое подоцна било утврдено дека е негова сопруга. Тој се приближил до сопругата и и’ удрил шлаканица.
Тоа било причина вработените да реагираат и спречат инцидент. Тие го замолиле мажот недоразбирањата да ги решат на друго место, но тоа било повод проблематичното лице да почне расправија и со нив. По опомената дека ќе викнат обезбедување, тој си заминал, но за кусо време, се вратил во ресторанот го зел нивното дете и го напуштил објектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент во TЦ „Беверли Хилс“: Двоел луѓе во тепачка во кафеана, го претепале 10 лица во друг локал
-
По три ќерки, прво машко за бекот на Лацио: Баста правеше мекици со Тозовац и Аца Лукас
-
Газдата на „Сокаче“ нападнат поради „лоша музика“
-
Тепачка во скопска кафеана: Не му се допаѓала музиката, па удрил по газдата