| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент во TЦ „Беверли Хилс“: Двоел луѓе во тепачка во кафеана, го претепале 10 лица во друг локал

З.В. (50), сопственик на угостителски објект лоциран во ТЦ Беверли Хилс, синоќа се соочил со проблем откако при крај на работното време се обидел да ја изгасне музиката, по што група гости, кои дошле малку подоцна, негодувале на одлуката на сопственикот и започнале вербална расправија со него.

– По расправијата Д.А. физички го нападнал сопственикот З.В., а за да не дојде до нарушување од поголем обем, И.С. (41) – гостин во угостителскиот објект, застанал помеѓу лицата и сопственикот. Тогаш настанала турканица, и за кратко време од страна на групата гости биле фрлени неколку шишиња кон шанкот, по што го напуштиле угостителскиот објект. Околу 02:30 часот, И.С. заминал во друг угостителски објект и физички бил нападнат од страна на десетина лица, меѓу кои и лица кои учествувале во нарушувањето во претходниот угостителски објект при што му се нанесени телесни повреди, информираат од МВР.

Во мешаницата со неколку удари во главата бил нападнат и менаџерот на угостителскиот објект С.С. (25).

После нарушувањето, напаѓачите избегале од местото на настанот. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top