| четврток, 6 декември 2018 |

По три ќерки, прво машко за бекот на Лацио: Баста правеше мекици со Тозовац и Аца Лукас

Бекот на Лацио, Душан Баста, во понеделникот вечер во една позната белградска кафеана ги собрал своите пријатели на забава по повод раѓањето на својот прв син. По ќерките Миа, Софија и Лара, Србинот конечно се израдувал на машко дете кое се вика Стефан и бил повод за незаборавна журка.

Како што пишуваат српските медиуми, не се штеделе пари за да се накитат пејачите со бакшиш, а гостите ги забавувале легендата Тозовац и турбо фолкерот Аца Лукас.

Информацијата за раѓањето на Стефан ја сподели и неговиот клуб кој му честиташе на Душан и неговата сопруга Драгица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top