Вардар започна со составување на тимот за следната сезона. По серијата официјални заминувања, стигнуваат првите информации за новите лица во таборот на „црвено-црните“, едно од нив е некогашниот голман на Металург, Дарко Станиќ.
– Станиќ ќе биде решението за празното место меѓу диреците по заминувањето на Арпад Штербик, што, од друга страна, значи српски тандем на вардаровиот гол, заедно со Страхиња Милиќ. Неофицијално, Станиќ е веќе договорен на една година, со што добиваат потврда најавите дека пријателските релации меѓу Србинот и сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко, ќе вродат со соработка и конечно ќе се реализираат, пишува „Македонски спорт“.
Како што пишува весникот, Вардар треба да се засили и со десниот бек Дмитри Киселев и левиот бек Дмитри Санталов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.