| четврток, 6 декември 2018 |

ЕХФ го објави новото рангирање: Вардар веќе не е прв фаворит во ЛШ

Ракометната Лига на шампионите продолжува денеска по двомесечната пауза, а ЕХФ го објави новото рангирање на фаворитите, во кое Вардар падна од првата позиција.

Врз база на анализите на спортски новинари низ Европа, ПСЖ е новиот лидер на рангирањето на ЕХФ со кое се проценува кој тим во каква форма е и со какви шанси влегува во натпреварите. Вардар беше на врвот во октомвриското рангирање, а сега е на второ место.

– Ракометарите на Вардар сакаат да докажат дека не е чудо за една сезона, тие се единствениот непоразен тим оваа сезона во ЛШ и можат да сметаат на ѕвездата од финалето на ЕУРО 2018, Арпад Штербик. Овие причини се доволни да се стави актуелниот бранител на титулата на второ место во ова рангирање. Остатокот од распоредот изгледа дека тимот на Раул Гонзалес ќе има две слободни недели во март, бидејќи победниците го прескокнуваат осминафиналето. Уште една добра вест е тоа што Вуко Борозан се враќа на терените откако го пропушти ЕП поради сообраќајната несреќа, пишува анализата на ЕХФ.

Трет фаворит е Веспрем, а на четвртото место е Фленсбург. Следниот противник на Вардар, екипата на Барселона, го држи дури седмото место, три подолу од претходното рангирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top