| четврток, 6 декември 2018 |

Згодната докторка на Спартак Москва со забрана до фудбалерите: Нема секс три дена пред натпревар

Атрактивната Русинка, Викторија Гамеева, која работи како клупски доктор на Спартак Москва, се најде во центарот на вниманието со својата изјава која ја даде во пресрет на вечерашниот меч во Лигата на шампионите.

Спартак вечерва игра клучен меч и мора да брка изненадување на гостувањето на „Енфилд Роуд“ кај Ливерпул, а пред мечот играчите добиле сериозна забрана од страна на својата атрактивна докторка, која всушност се однесува на нивните интимни односи со сопругите и девојките.

Гамеева потенцира дека фудбалерите не треба да имаат сексуалсни односи два или три дена пред своите натпревари, бидејќи машкиот организам реагира многу поразлично од женскиот при таквото празнење.

– Од медицинска гледна точка, сексот ја зголемува стимулацијата за работа и издржливост само кај жените. Во боречките вештини, се случува жените да имаат борба само пет или десет минути по сексуалниот однос и резултите се многу подобри. Но, тоа не делува така кај мажите. Играчите треба да избегнуваат секс на два или три дена пред мечот и јас го барам тоа од моите фудбалери, вели Гамеева која е кардио експерт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top