| четврток, 6 декември 2018 |

Убиство или самоубиство: Обвинителството бара нови докази за смртта на докторката Јелка Спасовска Масин

Скопското обвинителство по месец и половина сè уште нема одговор што е причината за смртта на докторката Јелка Спасовска Масин од Клиниката за нефрологија. Досегашните анализи добиени од увидот во домот на лекарката, каде што нејзиниот сопруг го пронашол мртвото тело, облеано во крв, како и резултатите од обдукцискиот наод, според надлежниот обвинител не биле доволни за расветлување на случајот.

„Поради тоа, побарани се дополнителни вештачења од Институтот за судска медицина во Скопје со цел да се утврди причинско-последичната врска. Од она што е добиено досега, надлежниот обвинител цени дека не е доволно за да се утврдат сите факти околу смртта“, изјавиле за Макфакс од Јавното обвинителство.

Истрагата е сè уште отворена. Се истражува дали станува збор за убиство или самоубиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top