| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Спартак Москва ја понижија Македонија бришејќи ја од картата на Европа (фото)

Навивачите на рускиот шампион Спартак Москва скандалозно ја избришаа Македонија од картата на Европа, откако денеска подготвија кореографија на која е исцртан Стариот континент за дербито со градскиот вечен ривал ЦСКА Москва.

Русите, кои се во братски односи со навивачите на белградска Црвена звезда, на исцртаната карта ја ставија Македонија како дел од Бугарија. Нејасно е каква порака сакаат да упатат руските навивачи на најпопуларниот клуб во најголемата земја на светот, но тоа што е уште потрагично е дека ги изнервирале своите браќа од Белград, „Делии“, кои оваа територија ја сметаат за „Јужна Србија“.

Ова е првпат навивачка група, која нема допирна точка со Македонија да се избламира на ваков начин, затоа што од соседите имало многу слични негирања на постоењето на нашата држава.

Грчкото негирање на името на нашата држава кое традиционално со пароли осамнува по спортските натпревари, навивачите на Црвена Звезда пред пет-шест години славејќи ја кумановската битка од 1913 година, имаа знаме со имињата на макеоднските градови припоени кон северниот сосед.

Бугарски навивачи од Пловдив, пак, летово направија скандал испишувајќи графити Бугарија кај Крива Паланка кога минуваа за гостување во Албанија, па направија инцидент потоа со македонската полиција која тргна да уапси неколку нивни членови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top