Мистеријата за смртта на докторка Јелка Масин-Спасовска (53), која во вторникот вечерта беше пронајдена мртва во сопствениот дом во скопски Kапиштец, ќе продолжи и наредните денови. Обдукцијата и анализите што треба да се извршат врз нејзиното тело сѐ уште не се комплетирани поради што останува нејасно дали докторката била убиена или самата одлучила да посегне по сопствениот живот, пишува Дневник.
Се очекува одговорот на клучното прашање да биде познат во следните неколку дена. Во моментот траат истражните дејства што се преземаат за расчистување на случајот. Се вештачат трагите и доказите прибрани во домот на Спасовска, како и крвта пронајдена во станот 24, во зградата број 10, на улицата Елисие Поповски – Марко. Во Институтот за судска медицина во Скопје се комплетираат наодите, готови се патолошките, надворешните и внатрешните истражувања, но сега се чекаат резултатите и од лабораториските испитувања, кои треба да покажат дали таа била под дејство на алкохол или седативи.
– Не можеме да излеземе со конечниот наод дали станува збор за убиство или самоубиство сѐ додека не бидеме 100 отсто сигурни во тоа. Чекаме уште некои лабораториски резултати по што ќе имаме комплетна слика за случајот. Верувам дека тоа ќе се случи до средината на идната недела – изјавил д-р Здравко Чакар од Институтот за судска медицина за „Дневник“.
Во меѓувреме нејзините блиски се подготвуваат за нејзиното последно испраќање. Погребот ќе се изврши денеска на гробиштата во Бутел.
– Ќе ја погребаме, а не знаеме како почина – велат блиски на семејството Спасовски.
Мртвото тело на Јелка Масин-Спасовска го пронашол нејзиниот сопруг, Гоце Спасовски, кој исто така е доктор на Kлиниката за нефрологија. Во вторникот вечерта, околу 21 часот, кога се вратил дома, ја забележал сопругата како лежи облеана во крв во тоалетот, со расеченици по телото и убодна рана во вратот. Kрај телото имало нож, а таа имала расеченици на вените на левата и десната така, како и на левата вратна вена.
– Тој како доктор се обидел да ѝ укаже прва помош, но сфатил дека не дава знаци на живот. Повикал итна помош, која стигна набргу – велат станарите на зградата во која живеат Спасовски.
Тие раскажале за драматични случувања во ходникот и пред зградата.
– Не можевме да претпоставиме за што станува збор бидејќи претходно ништо не слушнавме. Видовме дека итната помош брза кон зградата, лекарите влегоа во влезот, а потоа на носила ја изнесоа докторката. Имаше крв насекаде. Во тие моменти пристигна и ќерка ѝ. Можете да замислите каков шок преживеа девојката, едвај ја смиривме – коментирале соседите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Погребот на Арета Френклин закажан за 31 август во Детроит
-
И небото плачело: Молк на погребот на Миша Огњановиќ, a сите гледале во детал кој тера солзи на очите!