| четврток, 6 декември 2018 |

Снегот дојде во Скопје

Во Скопје почна да провејува слаб снег, придружен со силен ветер и со сончеви периоди. Според метеролозите, локално провејување на снег проследен со засилен северен ветер ќе има до крајот на денешниот ден, а температурите на воздухот доцна попладнево и вечерва ќе продолжат да паѓаат, па така, доколку излегувате, задолжително понесете топла облека.

Сепак, метеоролозите не предвидуваат некои поголеми врнежи од снег, бидејќи од утре, па во следните неколку дена, температурата на воздухот ќе биде во благо покачување.

Облачноста во следните денови ќе се зголеми, се очекува и влажен бран, кој ќе придонесе за умерени врнежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top