| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „Мали огласи и уште по нешто“

В среда, 6 декември, ќе се одржи промоцијата и потпишување на книгата „Мали огласи и уште по нешто“, од авторот Дејан Алексиќ во книжарницата „Литература.мк“ со почеток од 19 часот.

На настанот ќе присуствува и авторот Дејан Алексиќ, а ќе гостуваат и актери од Театарот за деца и младинци, кои ќе читаат извадоци од книгата. Препевот е на Владимир Мартиновски,  илустратор е Александра Филипоска, а промотор ќе биде Оливера Ќорвезироска.

Мали огласи, жалби и тужби, вести и необична мода – сето ова е дел од оваа забавна книга на приказни во стих, од кои ќе се тресете од смеа. Мустаќи кои преку оглас бараат нов сопственик и едно голобрадо лице кое се јавува на огласот; радијатор кој се жали на луѓето кои ја мразат зимата и едвај чека топлиот декември да му ги згрее ребрата; вест е дека една кобила му го заробила срцето на расниот коњ, а жирафата е доказ дека високата мода може да оди на четири нозе…

Со своите „Мали огласи”, Дејан Алексиќ ќе го допре и најзаспаниот нерв на секој што длабоко во себе е дете и ќе го подигне да ги согледа и да ги поврзе односите во калеидоскопското шаренило на фантазијата и реалноста.

Мали огласи е добитник на наградата „Доситиеево перо” во категоријата изданија за млади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top