Над 600 Македонци во Србија со македонска синоќа во престижниот Офицерски дом во центарот на Белград го одбележаа дваесетгодишниот јубилеј од постоењето на Здружението за српско-македонско пријателство „Шар Планина“. Покрај 37 македонски здруженија, „Шар Планина“ е прво и најстаро здружение на македонците во Србија, чија основна цел му е зближување на српскиот и македонскиот народ и негување на традицијата и културата на двете држави.
– Првите чекори по распадот на Југославија на здружување на Македонците во Србија и афирмација на Македонија потекнуваат од ова здружение, изјави претседателот на здружението штипјанката Лила Баток Ражњатовиќ.
Прв претседател на здружението во 1997 година бил Зафир Хаџиманов, сега почесен амбасадор на културата, потоа пријателите на Македонија, Зоран Правуловиќ и проф. д-р. Синиша Зариќ, како и Љупчо Видевски.
Здружението прво се викаше југословенско-македонско, а од пред неколку години е српско-македонско, чија основна цел е гаењето на братски и пријателски односи меѓу двата народи.
– Традиционално секоја година одржуваме македонска Вечер, на која покрај оркестри од Македонија настапува и дуетот Селимова-Желчевски – конзулите на македонската музика во Србија, изјави претседателот на здружението Лила Баток Ражњатовиќ.
Над 600 гости, Македонци и Срби – пријатели на Македонија, преставници на македонската Амбасада и на бизнис заедницата во Србија, со македонскиот мелос на етно групата Актива бенд од Македонска Каменица го прославија дваесетгодишниот јубилеј од постоењето на Здружението. А како изненадување, познатиот сопственик на пекарата Трпковиќ во Белград организираше кабаре престава од мјузикли во изведба на престижниот Теразије театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Македонија на театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2019“, Русија
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура