Вечерва граѓаните на главниот град на Босна, Сараево, можат да уживаат во вистинска снежна бајка и во снежната покривка од околу 40 сантиметри.
Интензивните снежни врнежи кои го зафатија овој град овие денови предизвикаа вистинска снежна бајка а најмногу на ова му се радуваат децата.
Поради спуштање на значително постудена воздушна маса од северните географски широчини од утре (понеделник) ќе дува северен ветер а температурите во текот на следните денови ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат и наутро во најголем дел од државава ќе паѓаат под нулата а ниски ќе бидат и дневните највисоки температури на воздухот.
Оваа вечер и во текот на ноќта кон утрешниот понеделнички ден особено на запад ќе има повремени локални врнежи од дожд на ниските и снег на планинките предели и на некои повисоки места. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.
Утре (понеделник) времето ќе биде променливо облачно и значително постудено со локални слаби врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините ќе има слаби врнежи од снег а не се исклучува мешавина од дожд и од снег и на местата со надморска височина од 1000 метри а можно е и нешто под оваа надморска височина да има некоја мешавина од дожд и снег но ова посебно се однесува за северните и за североисточните предели од државава.
Максимумот на температурите на воздухот утре (понеделник) ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени. Уште постудено ќе биде во денот вторник кога ќе има услови за локално провејување на слаб снег.
извор:галама.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


