Со сета осуда на насилството на поединци, со целосно сочувство кон оние кои беа физички нападнати или повредени, но земајќи ги во обзир грешните чекори на власта, ВМРО-ДПМНЕ предложи закон за амнестија на учесниците од инцидентот од 27-ми април 2017-та година и почеток на периодот за национално помирувајќи. Затоа што овој реваншизам не не води никаде. Доста е.
-Владо Јовановски, Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Митко Чавков, неговите колеги и многу други граѓани НЕ се терористи. НЕ се терористи. Тоа е лажно обвинување. Шесте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата НЕ се терористи. Тоа е лажно обвинување, тоа е неправда. Тие само беа на своето работно место во Парламентот и никого ниту убија, ниту повредија. Бараме слобода за патриотите. Бараме слобода за неправедно притворените. Потребно е национално помирување, потребно е да се запре со неправдите, да запрат политичките прогони. Да запрат хајките и местенките, притисоците и заплашувањата. Да запрат неправдите во Македонија, порача Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека на Македонија и требаат реформи, влез во НАТО и ЕУ, напредок, инвестиции, нови работни места и пред се правда.
-На Македонија не и треба реваншизам и неправди. Народот бара подобар живот, повисок стандард, повисоки пензии, плати, решавање на проблемите и пред се-правда! Денес од овде порачуваме: Неправдите се препознаваат секој ден, но времињата ќе се променат. Народот ќе си ја врати државата и со тоа народот ќе ја врати правдата во Македонија. Правда мора да има. Неправдите од власта мора да запрат и ќе запрат затоа што овој народ го бара тоа, порача Груевски.
Тој додаде дека Македонија мора да биде силна, успешна и европска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.