Оваа влада втерува страв кај луѓето, кај граѓаните на Македонија. Ви благодарам што дојдовте заеднички да го искажеме незадоволството од неправдите во Македонија, неправдите од новата власт која половина година дивее и нанесува многу неправди насекаде и многу штета, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пред насобраниот народ на вечерашниот протест, односно маршот за правдината и татковината.
-Оваа марионетска влада дојде на власт, не вадејќи го зборот правда од уста, а еве 6 месеци сите ние- Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците, Србите, Власите, сите граѓани на Македонија, секојдневно гледаме многу неправди, кои болат, фрустрираат, кои создаваат бес, незадоволство, но и многу штети. Иако се ангажираше цела армија на платени луѓе од народни пари, секојдневно преку медиумите или социјалните мрежи да ги оправдуваат чекорите на оваа марионетска власт, иако Зоран Заев назначи и министер за пропаганда, иако медиумите се под силна закана и најголем дел од нив замолкнати за давање на критика, сепак за неправидите се говори секјдневно, бидејќи се чувствуваат секојдневно, рече Груевски и додаде:
„Ние од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата можеби сме најмногу изложени на неправдите од оваа влас, но не се поштени ни многу други граѓани, а најмногу штета има државата, нашата заедничка Република Македонија. Ветуваа правда, а сега имаме реваншизам и тонење на економијата, на општеството, на моралните вредности. Сите тие неправди сакаа да ги одалечат од мислите на народот, со одвлекување на вниманието на истиот, со црнење на опозицијата, измислување спинови и афери, лаги и конструкции, верувајќи дека така може да го истераат целиот мандат“.
Неправдата, вели Груевски, се чувствува на секој чекор, а селективната правда е исто така неправда и создава револт.
-Зборуваат за правда, а неправда на секој чекор. Заробената држава ја крши храброста на луѓето, а стравот станува секојдневие. Луѓето се исплашени, уценети, го потиснуваат своето мислење, затоа што во Македонија почнува да се казнува слободната мисла, а на љубовта кон татковината се гледа како грев за кој почна да се оди и во затвор. Животот никаде го нема, а неправдата и прогонот стануваат име и презиме во секоја област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.