| четврток, 6 декември 2018 |

„Од децата за децата“ по петти пат в недела во МКЦ: Влезница се плаќа со училишен прибор!

На 3-ти декември (недела) ќе се одржи 5-от хуманитарен настан за деца со посебни потреби „Од децата за децата со посебни потреби“ организиран од Виолета Ачкоска и Виолета Сековска. Одржувањето ќе биде во Клуб Ресторан МКЦ во 16.00 часот. Ова е единствен еднодневен настан каде влезницата се наплаќа со училишен прибор наменет за учениците од училиштата ПОУ „Д-р. Златан Сремец“ – Скопје и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, проследен со другарување и забава.

Настанот ќе биде исполнет со настапи на деца од цела Македонија со своите ментори.

-Секое дете е посебно за својата мајка. Има ли разлика? Зарем не сме сите Едно под ова сонце што не грее под ова небо, над оваа земја? Општеството не го прави народот, народот го прави општеството. Затоа раце да си подадеме, меѓусебе да си помогнеме. Јас подавам рака, ти подаваш рака, сите раце за наши деца на едно место збрани, истакна Виолета Сековска.

Потешкотиите со кои се соочуваат децата со посебни потреби и нивните родители се секојдневен предизвик. Хуманитарниот настан  има за цел да ја зголеми инклузијата на децата со инвалидност во општествените активности, полесно стекнување пријателства со врсниците, активно вклучување во заедницата, како и нивно прифаќање од страна на заедницата.

Поддршката на овој хуманитарен настан креира повик за еднакви права, можности, прифаќање и соживот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top