| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски фризери и стилисти ќе одржат хуманитарен настан за Бубе „Ин“

Познати македонски фризери и стилисти, како и учесници од регионот на 18 јуни (недела) ќе се обединат со хуманитарна цел во Музејот на современата уметност. Настанот под мотото „Мајсторите за мајсторот“ кој е во организација на Здружението на фризери „Hair fashion group“ со почеток во 19 часот, е замислен како двочасовно шоу на терасата на музејот, на кој публиката ќе има можност на несекојдневен начин да ужива во најновите трендови за фризури и шминка.

Собраните средства од фризерскиот спектакл ќе бидат наменети за лекувањето на стилистот Љупчо Петрушевски, попознат како Бубе „Ин“, за кое се потребни 20.000 евра.

В недела посетителите ќе лицитираат и за неколку потпишани дресови од машкиот ракометен клуб „Вардар“.

Веднаш по шоуто на истата локација, на отворено ќе се одржи и забава.

 

– Ние фризерите, колеги и пријатели на Бубе, се обединивме како едно хумано семејство за да му помогнеме да добие уште една битка и да продолжи да прави чуда со своите магични раце. Се надеваме дека настанот ќе прерасне во традиционален и дека и во иднина ќе им помагаме и на други на кои им е најмногу потребно – велат организаторите.

Со цел собирање на потребните средства на самиот влез во музејот ќе се продаваат билети по цена од 500 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top