| четврток, 6 декември 2018 |

Анастазија Ражнатовиќ викендов доаѓа во Скопје на хуманитарниот настан за Бубе- „Мајсторите за мајсторот“

Под мотото „Мајсторите за мајсторот“ во недела (18.06.2017) со почеток во 19 часот во Музејот на современа уметност на Скопското Кале, ќе се одржи фризерското шоу на кое ќе бидат собрани средства за потребната операција на Бубе.

Најдобрите стилисти од земјава и од Балканот ќе ги презентираат последните новитети на своите брендови, а како најголема ѕвезда на настанот, организаторија ја најавија Анастазија Ражнатовиќ, ќерката на балканската пејачка ѕвезда Цеца.  Таа доаѓа за да го даде својот хуман печат на манифестацијата и ќе биде еден од моделите на настанот, со цел да се соберат повеќе средства за лекувањето на Бубе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top