Денеска во 21.30 часот во киното Фросина во МКЦ, преку најразлични перформанси и наградни игри ќе се собираат средства за помош на младата Ивана Величковска, студентка на Правен факултет, која боледува од леукемија и итно ѝ се потребни средства за лекување.
Посетителите ќе бидат во можност да ја видат промоцијата на првиот видеоспот на рап-групата „Улична мисла“. Ќе следува и настап на „Break Dancers” под мотото „Играј и живеј здраво” и ќе се доделуваат награди на присутните, како панорамско надлетување над Скопје со авион во времетраење од 30 минути претставено со слоганот „Биди Хуман и полетај со ‘Улична Мисла’” и ваучер за тетовирање во вредност од 50 евра кај уметничката и тату артист, Емилија Пендева.
Албумот на групата ќе се продава по цена од 100 денари, а сите собрани средства ќе бидат донирани за младата Ивана.
За Ивана може да донирате и со повик на 143 144 преку Т-мобиле и 143 772 за корисниците на ВИП или да донирате на жиросметката 530500014791778 во „Охридска банка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.