Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам денеска ќе биде отворена изложбата „Каде и да одам, повторно тебе ти се враќам“ во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на лица со посебни потреби.
Tворбите од керамика кои ќе бидат претставени на изложбата ги изработија ученици со оштетен слух и говор од училиштето ДУЦОР „Партенија Зографски,“ и учениците од СУГС ,„Јосип Броз-Тито“. Проектот е реализиран под менторство на Маја Димитрова, едукатор, а изложбата трае до 5 декември.
Од Националната галерија на Македонија информираат дека со години наназад организираат различни креативни работилници преку кои учениците развиваат сензибилитет за ликовно изразување, совладуваат нови ликовни техники, развиваат социјални вештини и создаваат многу нови пријателства
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.