Македонски писатели кои се бават и со сликарство, ќе ни се претстават со триесеттина свои ликовни дела. Изложбата свечено ќе биде отворен утре, 01.12.2017 година (петок), во 12 часот во Фоајето на Домот на кулура „Ацо Шопов“.
На изложбата пред штипјани ќе бидат претставени ликовните дела на писателите Јордан Ѓорчев, Христо Петрески, Трајче Кацаров, Љубомир Донски, Нада Накова и Велко Неделковски.
Пред присутните ќе говорат Иван Бојаџиски, претседател на Комисијата за култура при Советот на Општина Штип и поетот и сликар д-р Христо Петрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.