На 30 ноември (четврток), 20 часот, во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје ќе се отвори изложба на стрип насловена „Вршац – Панчево – Скопје“ на која ќе се претстават седум автори-ки од Македонија и Србија
Идејата за групна регионална изложба на алтернативен стрип во Отвореното графичко студио постои одамна но свој конечен облик доби за време на стрип работилницата којашто во рамките на Креативните викенди се одржа минатата година во Лазарополе и на којашто учествуваа автори-ки од Македонија и Србија. Александар Зограф, Данило Милошев Восток, Миле Ничевски, Горан Дачев и Атанас Ботев изложуваат околу десетина стрип табли и цртежи .
Гордана Баста изложува серија на уникатни везови направени според заедничките цртежи на повеќе стрип цртачи од различни земји, а ќе бидат изложени и везови направени според заеднички цртеж на учесниците на работилницата во Лазарополе.
Злата Војниќ Кортмиш (а.к.а Zlata VK) се погрижи целиот настан во Лазарополе филмски да го документира а публиката на отворањето ќе има можност да ја проследи проекцијата на филмот. Ќе биде прикажан и нејзиниот документарен филм Robustards, филм за контроверзниот настан поврзан со стрип книгата Robusto!!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.