| четврток, 6 декември 2018 |

Врачување „Книжевен жезол“ на Клетников и на Стамаќ во ДПМ

Во рамките на манифестацијата „Празник на липите“, денеска во 10 часот во Друштвото на писателите на Македонија, на поетите Ефтим Клетников и на Анте Стамаќ ќе им биде врачена наградата „Книжевен жезол“. Наградите ќе им ги врачи претседателот на ДПМ, Раде Силјан, а за творештвото на годинашните добитници ќе зборуваат Кристина Николовска и Наташа Аврамовска. На поетскиот митинг во 12 часот ќе настапат 25 поети со стихови посветени за Скопје. Поетската порака ќе ја испрати Василе Димески, а програмата ќе ја води Александра Велинова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top