Шеесет и петгодишен маж од Прилеп, вработен во механичарска работилница починал додека вршел поправка на патничко моторно возило.
„Ѓ.А.(65) од Прилеп, додека вршел поправка на патничко моторно возило „Сеат Толедо“ со прилепски регистарски ознаки сопственост на С. Д., од непознати причини избувнал пожар во возилото, при што Ѓ.А. со црево се обидел да го изгаси пожарот, но во еден момент паднал во безсознание. Од екипа на Итна медицинска помош Ѓ.А. е пренесен во Медицински центар Прилеп каде е констатирана смрт. Од обавен разговор дознаено е дека починатиот боледувал од срце. Од страна на Противпожарна екипа Прилеп пожарот е изгаснат“, стои во соопштението на МВР.
Увид ќе се врши во текот на денов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.