| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски дојде на протестот пред суд – народот бара слобода за патриотите (фото)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се приклучи на протестот пред Основниот суд Скопје 1, каде што неколку илјади граѓани протестираат против актот на Основното Јавно Обвинителство, 36 лица да се теретат за тероризам поради настаните од 27 април.

Покрај Груевски е целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и раководството на партијата. Претходно во изјава Груевски побара безусловно ослободување на уапсените.

Ова е последниот час кога ќе треба да се реагира, да се заштитат луѓето, затоа што правдата е на наша страна, ова е борба на народот за својата држава против хунтата на власт која ја води оваа заробена држава, ова на денешната прес конференција го потенцираше Никола Груевски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО ДПМНЕ ја води таа битка за правдината и битка за татковината, ние ќе биде на чело на таа битка со идеја и чест и со име, таа битка ќе биде тешка и долга, но таа битка ќе се добие. Таа мора да резултира со победа, ние ќе бидеме гласот и во ова време невреме, оние кои чувствуваат страв и во изобилство го сервира оваа ненародна власт на Заев. Ние ќе бидеме на браникот на татковината, да ги браниме слободата и патриотизмот на народот, секаде со народот тоа е нашата максима, на улиците, по домовите секаде каде што треба. Бараме безусловно запирање на сите овие процеси на овој политички прогон, бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, теророт и иживувањата кои го прави СДС, истакна Груевски.

ФОТО: РЕПУБЛИКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top