| четврток, 6 декември 2018 |

Убијци, терористи и силувачи на слобода – пратеници и патриоти зад решетки

Во домовите на петнаесетина лица рано утринава упаднала полицијата и ги уапсила за наводно учество во настаните од 27 април. Меѓу уапсените освен поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков, неофицијално дознава Република се и пратеници и граѓани кои се најдоа на 27 април во Собранието.

Како што веќе објави Република, полицијата извршила упад во домовите на актерот Владо Јовановски, оперскиот пејач Игор Дурловски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, пратеничката Жаклина Пешевска, пратеникот Крсто Муковски, пратеникот Љубен Арнаудов од Охрид и други.

Класична злоупотреба и изживување: Заев и Спасовски ги игнорираат пратеничкиот имунитет и законите

Неслучајно оваа полициска акција се спроведува на денот кога Владата на седница ќе расправа за Предлог-законот за амнестија, со кој се предвидува ослободување од затвор на убијци, силувачи, криминалци. Со овој закон ќе бидат опфатени и повратниците од ИСИС.

Ѓорчев: Законот за амнестија опфаќа и осудени сторители на убиства

Министерството за правда на седницата ќе го презентира најновиот текст на Предлог-законот за амнестија по јавната расправа по предлогот.

Во исто време, додека се апсат патриоти како Игор Дурловски, Владо Јовановски и Горан Ангелов, кои не учествувале во никакво насилство, Врховниот суд одлучи да ја укине пресудата во предметот „Монструм“ и да го врати судењето во првостепениот суд на повторно одлучување. На обвинетите од случајот, кој се товарат за свирепо убиство на три момчиња, покрај Смилковско Езеро, веројатно е и дека ќе им дозволат да се бранат од слобода за што дополнително ќе заседава судскиот совет.

Скандалозна одлука на Врховниот суд: Укината пресудата за убијците од Смилковско Езеро!

До сега, од затвор беа пуштени десетици познати криминалци како Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу, а по скопските улици секојдневно се лее крв.

Красниќи и Сејдиу на слобода, благодарни на Заев, Темелко во затвор!


Убиства, грабежи, рекет, опожарени автомобили – ова е сликата на скопските улици од 31 мај годинава до денес, од денот кога СДСМ, ДУИ и Алијансата на Албанците формираа влада. Заедничко за сите овие кривични дела е само едно – досега никој не е уапсен и никој не одговарал за крининалите и убиствата.

Скопје не е безбеден град: Убиства среде бел ден, а никој не одговара за мртвите тела по улиците

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top