Дваесет и три лица се приведени при операцијата во Истанбул против џихадистичката „Исламска држава“. Единици на турските сили за борба против тероризмот презеле акција за да ги фатат осомничените, за кои имало сознанија дека подготвуваат „сензационален напад” во име на ИД.
Во рамките на истрагата, истовремена операција била спроведена на шест локации во метрополата, а задржани се 23 странски државјани.
При претресите, запленети се голем број документи на ИД и дигитални материјали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.