| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 250 апсења на протестите против Трамп

Американската полиција уапсила најмалку 250 луѓе низ целата земја во текот на разбивањето на насилните безредија во што се претворија протестите против победата на претседателските избори на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, пренесоа медиумите.

Во Лос Анџелес, во американската сојузна држава Калифорнија, протестите главно беа мирни, но сепак биле приведен 185 лица.

download-2Главната причина за нивното апсење била блокирањето на улиците и попречување на движењето на другите граѓани. Агенциите пренесуваат дека при приведувањата полесно бил повреден еден полицаец.

Во Окленд, исто така, во Калифорнија, каде што во текот на протестите биле повредени неколку полицајци, приведени се 11 лица.

Во Портланд, во државата Орегон, каде што во средата вечерта околу 300 лица го блокираа движењето на автомобилите, биле задржани во полицијата 26 луѓе. Демонстрантите во овој град го блокираа сообраќајот и извршувале акти на вандализам, пренесе агенцијата. Полицијата била принудена да ја растури толпата со примена на лут гас и гумени куршуми.

images-1Полицијата во Њујорк, исто така, во средата привела најмалку 30 луѓе кои протестирале поради изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Протести имаше и во градовите Чикаго, во држава Илиноис, во Остин во Тексас и во Беркли во Калифорнија. За бројот на евентуално приведени лица од овие протести, досега полицијата не објави.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top