| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинителството во Истанбул нареди апсење на над 160 службеници во судови и затвори

specijalci

­Истанбулското Главно обвинителство денеска издаде наредби за апсења на 87 службеници од три суда во Истанбул, како и на 75 вработени во повеќе турски затвори, во рамки на истрагата против таканаречената ѓуленистичка терористичка организација (ФЕТО), информираа турските медиуми.

Издадени се наредби за апсења на службеници во истанбулските судови Чаглајан, Газиосманпаша и Бујукчекмеџе.

Акции за апсења се преземени во судови во уште 23 турски окрузи, информира телевизијата НТВ. Обвинителството нареди да се приведат и службеници од затворите Силиври, Метрис, Бекаркој.

Против осомничените се покренати обвиненија за „извршување дејствија во корист на целите на групата, „користење на мобилната апликација Бај лок“, (BYLock), „извршување трансакции за Банк Асија“ и др.

Турските власти сметаат дека групата ФЕТО, на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стои зад обидот за преврат во Турција, што беше изведен на 15 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top