Сопственикот на галијата во Вардар наспроти МНР, бугарската компанија „Сервис АД“, ќе бара обештетување од град Скопје ако локалната власт го дислоцира објектот како што најави новиот градоначалник Петре Шилегов. Ова во телефонски разговор за Алсат М го изјави директорот на фирмата Жарко Миленковски. Тој објаснува дека досега инвестирале околу 1.2 милиони евра.
– Ако донесе градот таква одлука да се дислоцираат, се надевам дека ќе не консултираат и обештетат соодветно. Се надевам дека се грижат за последиците, доколку не – постојат судови. Може градот ќе инвестира во преместување од Вардар, може тоа да чини милион евра. И каде ќе не стават? Ние сме платиле толку пари за да бидеме тука кај што сме. Во нашиот договор за концесија не пишува дека во кој било момент ќе бидеме дислоцирани, изјавил Жарко Миленковски – директор на „Сервис АД“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.